КРАЈ НА ЕДНА ЕРА – Лионел Меси се простува со аргентинската публика во Буенос Аирес

Лионел Меси (38) по освојувањето на Мундијалот во Катар во 2022 година ќе продолжи да игра за Аргентина и на Светското првенство во Северна Америка.

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА – Лионел Меси се простува со аргентинската публика во Буенос Аирес

Но, аргентинските медиуми најавуваат дека на 4 септември против Венецуела на „Монументал“ ќе го одигра својот последен официјален натпревар пред домашната публика.

„Жалам, но тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјално во Буенос Аирес,“ изјави новинарот Фернандо Чиз, потсетувајќи дека до 2026 година Аргентина нема повеќе закажани официјални мечеви дома.

Пет дена по средбата со Венецуела, „гаучосите“ ќе гостуваат во Еквадор, а веќе обезбедија пласман на следното Светско првенство заедно со Бразил и Еквадор.

CATEGORIES
Share This