НАУМ ПЕТРЕСКИ СО ЕМОТИВНА ИЗВЕДБА ВО ЧЕСТ НА СВОЈОТ ПРИЈАТЕЛ АНДРЕЈ – Со оваа изведба, песната добива двојна смисла – патриотска и лична проштална порака

Видеото, во продукција на Скендеровски, преку фотографии и снимки ја прикажува блискоста на двајцата уметници, претворајќи ја патриотската композиција во трогателен омаж на пријателството.

Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ доби продолжение со песната „Ако умрам ил загинам“, во изведба на Наум Петрески, посветена на неговиот трагично починат пријател Андреј од дуото ДНК.

Видеото, во продукција на Скендеровски, преку фотографии и снимки ја прикажува блискоста на двајцата уметници, претворајќи ја патриотската композиција во трогателен омаж на пријателството.

Аранжманот на маестро Николче Мицевски ја задржува суштината на делото на Јонче Христовски, но додава современа емоција, а моќниот вокал на Петрески ѝ дава посебна длабочина.

Со оваа изведба, песната добива двојна смисла – патриотска и лична проштална порака – оставајќи силен впечаток кај публиката и блиските на Андреј.

CATEGORIES
Share This