ОД ПАГАНИНИ ДО МЕТАЛИКА – полското „Моушн трио“ ја заокружува музичката програма на „Охридско лето“
Музичката програма на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со настапот на полското „Моушн трио“ во состав: Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин.

Музичката програма на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со настапот на полското „Моушн трио“ во состав: Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин.
Ансамблот, основан во 1996 година, е познат по спојот на класичната музика со традиционални, џез и рок елементи, при што нивната изведба целосно се базира на хармониката. Критиката ги опишува како еден од највозбудливите светски состави, чиј звук комбинира енергија на „Металика“ со виртуозност на Паганини.
Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Св. Софија“ во стандардниот фестивалски термин – од 21 часот.
CATEGORIES Култура


