АНДОНОВСКИ ЌЕ ГО ПРЕТСТАВИ НОВИОТ ЕДМС – национален систем за управување со документи
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска на прес-конференција ќе го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи, кој има за цел да ја подобри ефикасноста и транспарентноста на институциите преку целосна дигитализација на административните процеси.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ќе го презентира новиот еДМС – Национален електронски систем за управување со документи, во просториите на Министерството.
Андоновски потсети дека интересот за користење на Порталот за електронски услуги е зголемен од 1.000 на 7.400 корисници месечно. Тој нагласи дека, и покрај предизвиците со дигиталната писменост и обуката на институциите, соработката со најголемите државни органи веќе носи значајни резултати.
CATEGORIES Бизнис


