СООБРАЌАЈОТ ДЕНЕСКА НЕПРЕЧЕН – Зголемен интензитет на граничните премини

На ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

СООБРАЌАЈОТ ДЕНЕСКА НЕПРЕЧЕН – Зголемен интензитет на граничните премини
Фото: Национал

Денеска (15.08.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 15-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This