СЕДУМ КУЛТНИ МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ ВО БИТОЛА „Пред дождот“, „Тетовирање“ и уште пет филмски класици
Од 19 до 25 ноември, битолчани ќе имаат можност да ги гледаат најзначајните остварувања од поновата македонска филмска историја. Сите проекции во „Кино Манаки“ се бесплатни.

Седум вечери посветени на македонската кинематографија ги очекуваат љубителите на филмот во Битола. Културно-информативниот центар – Битола, во соработка со Кинотеката на Македонија, организира филмска недела во кино-салата „Кино Манаки“ на Широк Сокак, од 19 до 25 ноември.
На програмата се седум култни македонски филмски остварувања кои оставиле значаен белег во домашната кинематографија, со своите автентични приказни, уметничка вредност и препознатлив авторски израз.
Битолската публика ќе има можност повторно да ги доживее филмовите „Прашина“, „Среќна нова ’49“, „Тајната книга“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“, „Црно семе“ и „Пред дождот“.
Проектот има за цел да ја доближи македонската филмска уметност до пошироката публика, особено до новите генерации, кои ќе добијат можност да се запознаат со дел од најзначајните дела на домашното филмско творештво.
Програма на филмската недела:
- 19 ноември (среда), 20:00 часот – „Прашина“
- 20 ноември (четврток), 22:00 часот – „Среќна нова ’49“
- 21 ноември (петок), 20:00 часот – „Тајната книга“
- 22 ноември (сабота), 20:00 часот – „Бал-кан-кан“
- 23 ноември (недела), 20:00 часот – „Тетовирање“
- 24 ноември (понеделник), 20:00 часот – „Црно семе“
- 25 ноември (вторник), 20:00 часот – „Пред дождот“
Сите проекции ќе се одржат во кино-салата „Кино Манаки“ на Широк Сокак, а влезот е бесплатен.

