РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС Над 330 медиуми во трка за политичко рекламирање на локалните избори

Од ДИК предупредуваат дека бројката не е конечна, бидејќи пријавите се проверуваат, а рокот за доставување на ценовниците истекува вечерва на полноќ

РЕКОРДЕН ИНТЕРЕС Над 330 медиуми во трка за политичко рекламирање на локалните избори
Фото:

За претстојните локални избори на 19 октомври, во Државната изборна комисија (ДИК) досега се пријавиле 333 медиуми за платено политичко рекламирање – најмногу интернет портали (257), потоа 43 радиостаници, 33 телевизии и осум печатени медиуми. Четири портали аплицирале и надвор од рокот.

Од ДИК предупредуваат дека бројката не е конечна, бидејќи пријавите се проверуваат, а рокот за доставување на ценовниците истекува вечерва на полноќ. Потврдените ценовници, според роковникот, ќе бидат објавени најдоцна до 24 август.

Според Изборниот законик, печатените и електронските медиуми ценовниците ги доставуваат до ДИК, Државниот завод за ревизија и Антикорупциската комисија, додека радиодифузерите и до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

CATEGORIES
TAGS
Share This