ПЕТТИ ДЕН ПОЖАРИ ВО ЦРНА ГОРА – Загинат пожарникар, пристигнува меѓународна помош
Пожарите во Црна Гора беснеат веќе пет дена, а гаснењето е отежнато од непристапниот терен.

Владата го прогласи денешниот ден за Ден на жалост поради загинувањето на помладиот водник Дејан Божовиќ во борбата со огнената стихија.
Во текот на ноќта, пожарникари, армијата, меѓународни тимови и локалното население успеаја да изгаснат големи пожари околу Подгорица и Тузи. Најкритични подрачја сè уште се Пипери, Мрке, Петровиќи и Кучки Корити, а во Тузи беа загрозени куќи во Диноша и Омербожовиќи.
Меѓународна помош пристигна од повеќе земји: Словачка испраќа хеликоптер и екипаж, Швајцарија 20 пожарникари со три возила, а Австрија 52 пожарникари со 15 возила. Во гаснењето се вклучени и хеликоптери од Србија, Унгарија, БиХ, како и канадери од Хрватска и Италија. Двајца пожарникари беа повредени.
Командантот на подгоричката служба за заштита, Никола Бојановиќ, изјави дека „ноќта била исклучително напорна“ и дека успеале да ги одбранат сите куќи и џамијата во Диноша.
Полицијата уапси лице од Плевља осомничено за предизвикување пожар, а Министерството за внатрешни работи дистрибуираше 50 противпожарни ранци на жителите на Фундина и околината, со обука за нивна употреба.


