НАПОЛИ ПОДГОТВУВА ПОНУДА ЗА ЕЛМАС – Ќе се врати ли повторно во Наполи?

НАПОЛИ ПОДГОТВУВА ПОНУДА ЗА ЕЛМАС – Ќе се врати ли повторно во Наполи?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да го напушти Лајпциг уште до крајот на овој преоден рок. Според медиумските извештаи, интерес за него покажуваат повеќе клубови, меѓу кои и Торино, кој сака да го откупи неговиот договор. Но, попладнево пристигна нова информација – можно е Елмас да се врати во Наполи.

Елмас пристигна во Лајпциг на 1 јануари 2024 година, потпишувајќи договор до јуни 2028 година, во трансфер вреден 24 милиони евра. Сепак, минатата сезона не доби вистинска шанса – одигра само 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите, пред да замине на позајмица во Торино. Таму повторно ја пронајде формата, постигнувајќи четири гола. Иако Торино сака трајно да го задржи, клубот не може да ги исполни финансиските барања на Лајпциг.

Италијанските медиуми тврдат дека Наполи, актуелниот шампион на Серија А, подготвува официјална понуда за негово враќање. Елмас е добро познат во Неапол, каде од 2019 до 2024 година одигра речиси 185 натпревари и постигна 19 голови, оставајќи длабок печат како дел од тимот кој по 33 години ја врати титулата во градот под Везув.

CATEGORIES
Share This