СРЕДБАТА ДОГОВОРЕНА – Путин и Трамп лице в лице по седум години

Во меѓувреме, Витков ја предложи идејата за трилатерална средба помеѓу Путин, Трамп и Зеленски, но Москва не даде коментар за тоа, додаде Ушаков.

СРЕДБАТА ДОГОВОРЕНА – Путин и Трамп лице в лице по седум години
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп изразил желба да одржи средба со рускиот претседател Владимир Путин уште следната недела, објави Њујорк Тајмс повикувајќи се на извори блиски до Белата куќа. По средбата со Путин, Трамп треба да се сретне и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, што беше соопштено и на европските лидери кои учествуваа во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски, информира Ројтерс.

Во Кремљ веќе се одржа средба меѓу Путин и специјалниот претставник на САД, Стивен Виткоф, кој годинава ја посети Русија петти пат. Последните средби се одржаа на 11 и 25 април.

На социјалната мрежа „Истина“, Трамп истакна дека ги информирал европските сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин и дека сите се согласуваат дека војната во Украина мора да заврши. Тој додаде дека на состанокот е постигнат значителен напредок.

Белата куќа соопшти дека разговорите поминале добро, но сепак најави воведување нови санкции кон Москва во петок.

Според изјавата на помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, разговорот бил многу корисен и конструктивен.

Покасно во текот на денот пристиогна информација дека Русија и САД постигнале договор за одржување билатерална средба меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп во наредните денови. Подготовките за самитот веќе започнаа, изјави Јуриј Ушаков.

Местото на средбата, исто така, е договорено, но ќе биде соопштено подоцна.

„На предлог на американската страна, во принцип е договорена билатерална средба на највисоко ниво, односно помеѓу претседателот Путин и Доналд Трамп“ – рече Ушаков.

Тој додаде дека сега започнуваат конкретни подготовки за настанот, заедно со американските колеги. Следната недела се посочува како клучен период за одржување на средбата, но не е јасно колку точно време ќе биде потребно за целосна подготовка.

Во меѓувреме, Витков ја предложи идејата за трилатерална средба помеѓу Путин, Трамп и Зеленски, но Москва не даде коментар за тоа, додаде Ушаков.

CATEGORIES
TAGS
Share This