НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ Трамп прошета по покривот на Белата куќа
Трамп излезе низ врата поврзана со трпезаријата и се искачи на покривот над прес-салата и западната колонада, во близина на градината со рози

Фото: Принтскрин
Денот на претседателот на САД, Доналд Трамп, започна рутински – со телевизиско интервју и разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Но, наскоро следуваше неочекуван потег.
Трамп излезе низ врата поврзана со трпезаријата и се искачи на покривот над прес-салата и западната колонада, во близина на градината со рози. Таму помина околу 20 минути набљудувајќи го покривот и новоинсталираните панели, додека новинарите збунето го следеа одоздола.
На прашањето зошто е на покривот, Трамп кратко одговори:
„Малку одам. Добро е за вашето здравје.“
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


