ИСТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ИСТИТЕ МААЛА – Од есен нов концепт за безбедност
Тошковски испрати порака до граѓаните од Мала Преспа да ги обноват документите преку конзулатот, со ветување за брза и ефикасна постапка.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави крај на партизацијата во МВР и вработување само според стручни критериуми и релевантно искуство. Тој истакна дека нема да се дозволува лица без соодветна квалификација да бидат поставувани на раководни позиции.
„Началник на Одделот за организиран криминал мора да има најмалку десет години искуство. Ќе се вработува само според јасни и стручни услови“, рече Тошковски, додавајќи дека нема да бидат избркани 2.500 лица, туку ќе бидат ангажирани 500 квалификувани кадри за раководни функции.
Министерот најави и уредна и унифицирана полициска облека, со тендер кој се очекува за три недели, како и активирање на системот „Сејф сити“ за зголемена безбедност на улиците.
За последните пожари, потврди дека дел се подметнати и дека се работи на решенија за справување со заканата.
Тошковски испрати порака до граѓаните од Мала Преспа да ги обноват документите преку конзулатот, со ветување за брза и ефикасна постапка.
Како дел од новиот концепт за безбедност, тој најави дека од следната есен ќе стартува проектот „маалски полицаец“, со кој истите полицајци ќе бидат присутни во истите реони, за да се зголеми довербата и сигурноста кај граѓаните.


