СУВИ КОЛОВОЗИ И БЕЗ ЗАСТОИ – Сообраќајот се одвива нормално

СУВИ КОЛОВОЗИ И БЕЗ ЗАСТОИ – Сообраќајот се одвива нормално
Фото: Национал

Денеска (07.08.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This