ТЕМПЕРАТУРА ДО 35°C – Нестабилност во попладневните часови
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Фото: Национал
Времето денеска (07.08.) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и максимална температура до 35 степени информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
CATEGORIES Македонија


