СПРЕЧЕН АТЕНТАТ ВРЗ ОРБАН: Унгарец нудел пари на убиец за ликвидација на премиерот

По интензивна истрага, во координација со Унгарските антитерористички сили (ТЕК), лицето било идентификувано и уапсено.

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ ВРЗ ОРБАН: Унгарец нудел пари на убиец за ликвидација на премиерот
Фото: Принтскрин

Унгарските тајни служби спречиле активности за атентат врз премиерот Виктор Орбан. Националното истражно биро на Унгарија соопшти дека е уапсен маж кој се обидувал да ангажира платен убиец преку интернет за да го убие премиерот.

Според информациите, осомничениот во јули 2025 година објавил порака на веб-страница хостирана на странски сервер, во која нудел парична награда – во унгарски форинти или друга валута за ликвидација на Орбан. Во објавата тој го барал, како што напишал, „најплатениот убиец“.

По интензивна истрага, во координација со Унгарските антитерористички сили (ТЕК), лицето било идентификувано и уапсено. По приведувањето, тој го признал делото, потврди Националното истражно биро.

CATEGORIES
TAGS
Share This