ПРИТВОР ЗА МАЖ ОД КАВАДАРЦИ, се сомничи за убиство на својот брат
Според обвинителството, осомничениот го нападнал брат му со метален предмет, нанесувајќи му повеќе удари по главата.

Основното јавно обвинителство Кавадарци отвори истрага против 43-годишен маж, кој се сомничи дека на 27 јули го убил својот 42-годишен брат, по претходна расправија во домот на оштетениот.
Според обвинителството, осомничениот го нападнал брат му со метален предмет, нанесувајќи му повеќе удари по главата. По убиството, во обид да го прикрие делото, тој ја исчистил крвта, ги уништил трагите и телото го закопал во помошна просторија во дворот, покривајќи го со шперплоча и други предмети.
Јавниот обвинител предложи притвор за осомничениот поради опасност од бегство и можност за уништување на докази. Судот треба да одлучи по предлогот. Случајот се води како убиство по член 123 став 1 од Кривичниот законик.
CATEGORIES Македонија


