ОНЛАЈН И ИДИВИДУАЛНА НАСТАВА ЗА ДЕЦАТА БОЛНИ ОД РАК: Нов проект за нивна едукација и психолошка поддршка
Децата кои поради тешки здравствени состојби, како што е ракот, се лекуваат во болница или дома подолго од три недели, ќе имаат можност да следат онлајн-настава, да добиваат индивидуални часови или наставни материјали.

„Децата болни од рак не смеат да бидат изолирани од општеството. Како заедница сме должни да им помогнеме“, рече Јаневска, која ја најави иницијативата.
Министерот за здравство Азир Алиу информираше дека покрај технолошката поддршка, ќе бидат ангажирани и педагози и психолози за реализација на наставата.
Директорот на Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди, нагласи дека образовниот процес помага децата полесно да се справат со долготрајниот третман.
Претседателката на здружението „Сано“, Марија Вук, го оцени проектот како значаен чекор, додавајќи:
„Веруваме дека ова ќе помогне децата побрзо да оздрават и да се вратат меѓу своите другарчиња.“