ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Доста беше – Македонскиот народ нема вечно да молчи

Ќе има одговорност за сите кои соучествуваат или молчат пред антидржавни и антимакедонски активности!

ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА: Доста беше – Македонскиот народ нема вечно да молчи
Фото: Единствена Македонија

Единствена Македонија најостро го осудува бесрамното, антимакедонско дивеење на една организирана навивачка група од албанското малцинство на вчерашниот натпревар Шкендија – Карабах во Скопје.

Трибините се претворија во платформа за отворен говор на омраза против државата Македонија и македонскиот народ.

Најскандалозно и најпредавнички од сè – во првите редови на трибините, како горди сведоци на тоа антимакедонско беснеење, присуствуваа претседателот на Собранието Африм Гаши, вицепремиерот Изет Меџити, министерот за економија Валон Дурмиши, и политичките лидери Али Ахмети и Арбен Таравари! Наместо да ја заштитат државата во која земаат плата, тие уживаа во понижувањето на македонскиот народ.

Ова е последно предупредување! Единствена Македонија јасно и гласно порачува: не си играјте со македонското трпение. Вековната борба за сопствена држава не беше за ова. Ако институциите продолжат да молчат, македонскиот народ нема.

Очекуваме итна реакција од надлежните институции. Доколку тоа не се случи, Единствена Македонија ќе ја поведе народната правда. Ќе има одговорност за сите кои соучествуваат или молчат пред антидржавни и антимакедонски активности!

CATEGORIES
TAGS
Share This