ТРАМП СО ЗАКАНА ЗА САНКЦИИ КОН РУСИЈА Доколку до петок не биде постигнат прекин на огнот во Украина

Тој информираше дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Москва оваа недела, најверојатно во среда или четврток.

ТРАМП СО ЗАКАНА ЗА САНКЦИИ КОН РУСИЈА Доколку до петок не биде постигнат прекин на огнот во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за воведување нови санкции против Русија, доколку до петок не биде постигнат прекин на огнот во Украина. Тој информираше дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Москва оваа недела, најверојатно во среда или четврток.

„Ќе има санкции, но Русите знаат како да ги избегнат. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Трамп пред новинарите, додека заминуваше од својот голф клуб во Њу Џерси.

Покрај ситуацијата со Русија, Трамп најави и можност американските граѓани да добијат финансиска компензација, како дивиденда или друг облик на исплата, од приходите собрани преку новите трговски царини.

„Можно е да има распределба за луѓето со ниски и средни приходи. Ќе разгледаме исплата на некаква дивиденда“, рече Трамп.

CATEGORIES
Share This