НАЈАВА ЗА АВИОНСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ, на 26 и 27 ќе се прска во Скопје
Градските власти апелираат до граѓаните, особено до пчеларите и земјоделците, да ги преземат потребните мерки за заштита.

Град Скопје информира дека викендов, на 26 и 27 јули 2025 година, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција на поширокото градско подрачје, насочена против возрасни форми на комарци.
Акцијата ќе се реализира во утринскиот термин, а од надлежните посочуваат дека, доколку временските услови не дозволат прскање, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се изврши во првиот следен ден со поволни метеоролошки услови, во истото време.
Градските власти апелираат до граѓаните, особено до пчеларите и земјоделците, да ги преземат потребните мерки за заштита.
CATEGORIES Македонија


