АМСМ ПРЕДУПРЕДУВА НА ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ Додека на граничните премини нема подолги задржувања.

АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива без поголеми пречки, со умерен интензитет надвор од градовите. На граничните премини нема подолги чекања за влез и излез од Македонија.

АМСМ ПРЕДУПРЕДУВА НА ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ Додека на граничните премини нема подолги задржувања.
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но на одредени делници коловозите се влажни, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна не се регистрирани подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ предупредува на опасност од одрони

На возачите им се препорачува да ја приспособат брзината според условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата.

Посебна претпазливост е потребна на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои зголемена можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патот Охрид – Ресен преку Галичица е отворен

Според сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен, кој минува низ Националниот парк Галичица, е отворен од 15 април за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This