КУЛТУРНА ВЕЧЕР ВО ПРИЛЕП, „Звуците на градот“ вечерва пред ЦК „Марко Цепенков“
Пред присутните ќе се претстават групи што ја негуваат староградската музика.

Вечерва од 20:30 часот, на платото пред НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Звуците на градот“, посветена на староградската музика.
Настанот, кој веќе неколку години буди интерес кај прилепчани и пошироко, ќе ги донесе настапите на: женската пејачка група „Преродба“, групата „Орхидеја“, КУД „Пере Тошев“, октетот „Прилеп“ и КУД „Пензионер“.
Од центарот најавуваат уште една пријатна вечер исполнета со традиција и музика.
CATEGORIES Култура


