„ОХРИДСКО ЛЕТО“ ВО ЗНАКОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА КЛАСИКА – Настап на филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња

„ОХРИДСКО ЛЕТО“ ВО ЗНАКОТ НА ИТАЛИЈАНСКАТА КЛАСИКА – Настап на филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња

Програмата на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со ново музичко доживување – италијанска вечер исполнета со врвна класика. На сцената ќе настапи реномираниот Филхармониски оркестар на театарот во Болоња, донесувајќи го духот на италијанската музичка традиција на охридските летни сцени.

Основан во 2008 година од музичари на оперскиот оркестар, овој оркестар е препознатлив по својата посветеност на класичниот репертоар и високите уметнички стандарди. Со своето постоење, оркестарот активно ја збогатува културната сцена во Болоња, но и надвор од Италија, настапувајќи на престижни фестивали и концертни подиуми.

Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е еден од само два вакви ансамбли во Италија, заедно со оркестарот на Миланската „Скала“, што ја потврдува неговата ексклузивност и значење во италијанската и европската музичка сцена.

Италијанската вечер на „Охридско лето“ е уште една можност за публиката да ужива во квалитетна класична музика, во амбиент кој ги спојува културното наследство и светските музички врвови.

CATEGORIES
Share This