БУГАРИЈА СЕ ВООРУЖУВА – 620 милиони долари за противракетен систем од САД
НОМАДС претставува мобилен систем за воздушна одбрана дизајниран за брзо распоредување блиску до линијата на фронтот. Наменет е за заштита од беспилотни летала и крстосувачки ракети.

Фото: Принтскрин
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на крајбрежен систем за противракетна одбрана (НОМАДС) и дополнителна опрема на Бугарија, со вкупна вредност од околу 620 милиони долари (приближно 530 милиони евра), соопшти Пентагон.
Како што јави Ројтерс, системот ќе го испорача норвешката компанија Kongsberg Defence, водечки снабдувач на одбранбена технологија под сопственост на норвешката влада.
НОМАДС претставува мобилен систем за воздушна одбрана дизајниран за брзо распоредување блиску до линијата на фронтот. Наменет е за заштита од беспилотни летала и крстосувачки ракети.
CATEGORIES Свет
TAGS Топ вест


