ЗАПОЧНА СО РАБОТА ГРАЃАНСКАТА КОСМИЧКА АГЕНЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Мал чекор за граѓанско-научното дејстување, но голем исчекор за македонското мирољубиво истражување и употреба на космосот

Со ова означуваме еден нов ѓрагански и научен пристап во вселенските активности на Македонија, додека агенцијата која е прва од ваков вид е значаен чекор кон ѓраганско-научно вклучување во мирољубивото истражување и употреба на вселената.

ЗАПОЧНА СО РАБОТА ГРАЃАНСКАТА КОСМИЧКА АГЕНЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА Мал чекор за граѓанско-научното дејстување, но голем исчекор за македонското мирољубиво истражување и употреба на космосот
Фото: Македонско космичко друштво

Почитувана јавност,

Денес, на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа заедничка свечена седница на Меѓународниот комитет на КОСМИЧКОТО ДВИЖЕЊЕ и на Македонското КОСМИЧКО ДРУШТВО при МКД – Битола, со што се одбележа официјалниот почеток на Граѓанската космичка агенција на Македонија.

Со ова означуваме еден нов ѓрагански и научен пристап во вселенските активности на Македонија, додека агенцијата која е прва од ваков вид е значаен чекор кон ѓраганско-научно вклучување во мирољубивото истражување и употреба на вселената.

Меѓународното КОСМИЧКО ДВИЖЕЊЕ (МКД) – Битола е единствената меѓународна невладина организација во светот која се залага за:

– намалување на космичкиот јаз;

– воспоставување на систем за правична дистрибуција на добробитта од истражувањето и употребата на космичкото пространство;

– дисеминација на меѓународното космичко право, науки и технологии; и

– пресметка на космички индекс.

Во рамки на својот мандат, Движењето иницира основање на Национални КОСМИЧКИ ДРУШТВА – здруженија кои ѓи обединуваат ѓраганските ресурси во земјите без национални космички органи или тела, како што е примерот со Македонија, со главна задача да дејстуваат како ѓраганска космичка агенција; додека во земјите со вселенски капацитети и функционални национални космички органи или тела, ѓлавна задача им е да ѓи обединат своите ресурси со цел дејствување како ѓрагански агенции за меѓународен развој од космичките благодати.

Во овој момент, Движењето функционира со угледни Национални кореспонденти од 10 држави: Албанија, Белгија, Чешка, Македонија, Франција, Црна Гора, Романија, Србија, Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и Уганда.

Во согласност со Договорот за основање на Национално КОСМИЧКО ДРУШТВО склучен помеѓу Меѓународниот комитет на Движењето и македонскиот вселенско-невладин сектор, денес беше официјализирано првото Национално КОСМИЧКО ДРУШТВО за територијата на Република Македонија кое дејствува како Граганска космичка агенција на Македонија.

Македонското КОСМИЧКО ДРУШТВО при МКД – Битола без поделби и предрасуди ги обедини сите македонски ѓрагански организации кои се активни во вселенските активности, и тоа:

❖ МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО (МАД) – Скопје;

❖ Здружение СКОПСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО (САД) – Скопје;

❖ МИД – Македонско ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО – Скопје;

❖ Македонски СТУДЕНТИ ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ ОД КОСМОСОТ (МК-СИРК) – Скопје;

❖ Здружение за вселенски развој ИНТЕРНЕШНЛ СПЕЈС АЛАЈНС (ИСА) – Кичево.

Седницата ја отворија Претседателот, проф. д-р Гордана Апостоловска и Генералниот секретар на МКД – Битола, м-р Александар Ташковски, по што следеше работниот дел на кој беа донесени следните одлуки:

– Потврден е изборот на проф. д-р Ивица Милевски за Претседател на Македонското КОСМИЧКО ДРУШТВО;

-Утврден е начинот за усвојување на План и Програма за работа на Граѓанската космичка агенција на Македонија;

-Друштвото е овластено да го спроведува образовниот проект за примена на правните и научно-техничките аспекти на истражувањето и употребата на космичкото пространство во македонскиот образовен систем; и да продолжи со дисеминација на меѓународното космичко право, науки и технологии;

-Поднесена е Иницијатива до Претседателот, Собранието и Министерството за надворешни работи за:

o повторно вклучување на Македонија кон правниот режим на космосот и кон релевантните меѓународни организации;
o достоинствена примена на меѓународното космичко право во македонскиот поредок; и
o утврдување на македонска надворешна политика за космичките работи на човештвото.

– Oрганизирање на тркалезна маса со сите релевантни физички и правни лица за основање на македонска државна вселенска агенција.

На свечената седница учествуваа делегации од сите посочени невладини организации, и присуствуваше колегата Игор Црња, Заменик-претседател на Факултетското студентско собрание при Природно-математичкиот факултет (ПМФ), додека Деканот на ПМФ, проф. д-р Даворин Трпески го поздрави настанот и посака среќна и успешна работа.

Македонското КОСМИЧКО ДРУШТВО при МКД – Битола кое работи и под името Граѓанска космичка агенција на Македонија, со особена чест и задоволство ги повикува сите ѓрагани, колеги, научници, професори, стручњаци, студенти, ученици, ентузијасти, пријатели и добронамерници на вселената да се приклучат и да го дадат својот придонес кон развојот на македонското мирољубиво проучување и ползување на космосот.

Ги повикуваме Собранието и Претседателот на Р. Македонија:

-да ја разѓледаат поднесената Иницијатива;

-да го овозможат повторното вклучување на Републиката кон правниот режим на космосот и релевантните меѓународни организации;

-да се утврди македонска надворешна космичка политика;

-да го ратификуваат меѓународното космичко право; и

-да се отпочне процедурата за основање на Македонска агенција за космосот.

И ние, македонските ѓрагани имаме слобода за истражување на вселената и право на пристап до благодатите од проучувањето и ползувањето на космичкото пространство.
Време е државата тоа достоинствено да го признае, почитува, применува, гарантира и заштитува.

Со почит,

Македонско КОСМИЧКО ДРУШТВО при МКД – Битола
П Р Е Т С Е Д А Т Е Л
Проф. д-р Ивица Милевски

CATEGORIES
TAGS
Share This