ШЕСТ АКТИВНИ ПОЖАРИ И 27 ИЗГАСНАТИ: ЦУК со дневен извештај за пожарите

Активни пожари има во општините Василево, Радовиш, Берово, Македонски Брод, Прилеп и Желино, каде што гори нискостеблеста, деградирана шума, грмушки и сува вегетација.

ШЕСТ АКТИВНИ ПОЖАРИ И 27 ИЗГАСНАТИ: ЦУК со дневен извештај за пожарите

Центарот за управување со кризи информира дека во последното деноноќие се евидентирани 6 активни, 5 под контрола и 27 изгаснати пожари низ земјата.

Активни пожари има во општините Василево, Радовиш, Берово, Македонски Брод, Прилеп и Желино, каде што гори нискостеблеста, деградирана шума, грмушки и сува вегетација.

Пожарите под контрола се во Ресен, Дојран, Велес, Гостивар и Прилеп, но службите и понатаму ги следат на терен.

Успешно се изгаснати 27 пожари, главно во Скопје, Куманово, Прилеп, Кичево, Струмица и Гостивар, најчесто на отворени површини со сува трева, отпад и стрништа.

Центарот за управување со кризи апелира до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, особено во шумски и рурални подрачја, и да пријават какви било сомнителни активности или нови пожари до најблиската противпожарна станица или на бројот 112.

CATEGORIES
Share This