ЗЕЛЕНСКИ И ФРАНЦИЈА СО НОВ ФРОНТ ПРОТИВ РУСИЈА – Француски беспилотни летала ќе се произведуваат во Украина

Двајцата државници разговараа и за ефективноста на санкциите против Русија, како и за напредокот на Украина во процесот на пристапување кон Европската Унија.

ЗЕЛЕНСКИ И ФРАНЦИЈА СО НОВ ФРОНТ ПРОТИВ РУСИЈА – Француски беспилотни летала ќе се произведуваат во Украина
Фото: Принтскрин

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска во Киев оствари средба со францускиот министер за Европа и надворешни работи, Жан-Ноел Баро. Во фокусот на разговорите беа продолжувањето на одбранбената поддршка за Украина, јакнењето на воздушната одбрана, како и обуката на украинските војници.

„Подготвени сме да го прошириме заедничкото производство на одбранбена опрема. Особено важна е одлуката на француските компании да започнат со производство на беспилотни летала во Украина – изјави Зеленски преку објава на социјалната мрежа Х.

Двајцата државници разговараа и за ефективноста на санкциите против Русија, како и за напредокот на Украина во процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Искрено им се заблагодарувам на Франција, на претседателот Емануел Макрон и лично на г. Баро за постојаната поддршка од првиот ден на агресијата. Благодарен сум за солидарноста што ја покажуваат кон нашиот народ“ – додаде Зеленски.

CATEGORIES
TAGS
Share This