ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ – Поддршка за домашното земјоделство и локалните производи

ЗАПОЧНА КАМПАЊАТА „МАКЕДОНСКО НАЈДОБРО“ – Поддршка за домашното земјоделство и локалните производи

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство официјално ја стартуваше кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост“ со цел да го поттикне развојот на домашното земјоделско производство и да ја зајакне свеста за квалитетот на македонските производи.

Кампањата има неколку главни цели:

  • зајакнување на домашното земјоделско производство,
  • подобрување на условите за живеење во руралните средини,
  • зголемување на свеста за автентичноста и вредноста на македонските производи,
  • и олеснување на пристапот на граѓаните до свежа, квалитетна домашна храна.

Клучен алат во рамки на кампањата е новата дигитална платформа makedonskonajdobro.mk, преку која:

  • земјоделците можат да регистрираат и промовираат свежи производи,
  • преработувачите да презентираат автентични македонски производи,
  • продажните центри да ја внесат својата локација и понуда на производи.

Особено корисна е интерактивната мапа „Каде да купам“, која со геолокација им овозможува на граѓаните лесно да ги најдат најблиските продажни места и да пребаруваат по категории или конкретни производи.

Министерството најавува и развој на мобилна апликација која дополнително ќе го олесни пристапот до домашни производи.

„Со секој купен македонски производ не избираме само храна – туку инвестираме во економијата, ги поддржуваме земјоделците и преработувачите и придонесуваме за стабилна и посилна Македонија“, стои во повикот до земјоделците, производителите и трговците да се приклучат кон иницијативата.

Кампањата „Македонско Најдобро“ е уште еден чекор кон создавање одржлива локална економија заснована на квалитет, традиција и доверба.

CATEGORIES
Share This