ОТКРИЕНО, ФРАНЦИЈА СЕ ВМЕШАЛА ВО ВОЈНАТА СО ИРАН Француски авиони собориле дронови на Иран

Министерот посочи дека Иран, во рамки на 12-дневниот вооружен судир, лансирал околу 400 балистички ракети и 1.000 беспилотни летала кон израелски цели.

ОТКРИЕНО, ФРАНЦИЈА СЕ ВМЕШАЛА ВО ВОЈНАТА СО ИРАН Француски авиони собориле дронови на Иран
Фото: Принтскрин

Францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну официјално потврди дека француската армија била директно вклучена во воените активности поврзани со последниот конфликт меѓу Иран и Израел.

„Можам да потврдам дека француските сили пресретнаа нешто помалку од десет ирански беспилотни летала во последните неколку дена, користејќи земја-воздух системи или ловци ‘Рафал’“, изјави Лекорну за време на парламентарна расправа за состојбата на Блискиот Исток.

Според него, оваа интервенција се случила пред стапувањето во сила на прекинот на огнот оваа недела, а операциите биле дел од реакцијата на нападите што Иран ги започна против Израел.

Министерот посочи дека Иран, во рамки на 12-дневниот вооружен судир, лансирал околу 400 балистички ракети и 1.000 беспилотни летала кон израелски цели.

Израел, пак, започна сопствена офанзива на 13 јуни, со цел – како што соопштија властите – уништување на иранските нуклеарни капацитети. Во нападите загинале високи ирански воени команданти и неколку водечки нуклеарни научници.

Според иранските власти, бројот на жртви од израелските напади достигнал 610 лица, додека над 5.000 се повредени. Одмаздничките напади на Иран, пак, резултирале со најмалку 28 жртви во Израел и значителна материјална штета на стотици објекти.

Прекинот на огнот стапи во сила во вторник, но вмешаноста на Франција во активната одбрана на Израел отвора нови прашања за улогата на европските земји во блискоисточните конфликти.

CATEGORIES
TAGS
Share This