ЕСКАЛАЦИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ИТАЛИЈА Студенти фрлаа камења и сигнални ракети кон полицијата, интервенција со солзавец

Антивладините демонстрации на студенти и средношколци продолжија во повеќе италијански градови. Во Торино, протестот против недоволното финансирање на образованието прерасна во судири со полицијата, која употреби водени топови и солзавец.

ЕСКАЛАЦИЈА НА ПРОТЕСТИТЕ ВО ИТАЛИЈА Студенти фрлаа камења и сигнални ракети кон полицијата, интервенција со солзавец
Фото: Принтскрин

Антивладините протести на студенти и средношколци продолжија и денес во повеќе италијански градови, при што на неколку места дојде до инциденти и судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Во Торино, средношколци и студенти кои бараат државата да издвои повеќе средства за училиштата и колеџите фрлаа камења, јајца и сигнални ракети кон полициските сили, објави АНСА.

Полицијата одговори со употреба на водени топови и солзавец, додека од градскиот плоштад се слушаа скандирања: „Сите ја мразат полицијата“.

Демонстрантите бараат поголеми инвестиции во образованието, а протестите се одвиваат во услови на зголемено незадоволство од владините политики.

CATEGORIES
Share This