КРИЗА НА БЛИСКИОТ ИСТОК – МНР нуди итна помош
Кризниот штаб, велат од Министерството, постојано ја следи ситуацијата и останува во готовност да интервенира во случај на итна потреба

МНР: Кризен штаб на располагање за македонските граѓани во Израел и Иран
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија информира дека, поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, е формиран кризен штаб кој 24 часа дневно е на располагање за сите македонски државјани што се наоѓаат во Израел и Иран.
Од МНР апелираат до граѓаните кои престојуваат во овие земји, доколку имаат потреба од конзуларна помош или асистенција, веднаш да стапат во контакт со надлежните служби преку следните комуникациски канали:
-
Амбасада на Македонија во Тел Авив:
Телефони: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546
Е-пошта: telaviv@mfa.gov.mk -
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија:
Телефони: +389 75 273 732 и +389 75 268 736
Е-пошта: globalsos@mfa.gov.mk
Кризниот штаб, велат од Министерството, постојано ја следи ситуацијата и останува во готовност да интервенира во случај на итна потреба. Дополнително, МНР ги повикува сите македонски граѓани да се воздржат од патувања во Израел, Иран и другите земји од регионот додека трае кризата.


