НЕЗАВИСНИТЕ САКААТ ВО ВЛАСТА – Ама да прават листи со педесетина потписи

Потребните потписи за учество на независни кандидати на избори биле направени по германскиот модел, изјавил претседателот на Собранието, Африм Гаши, на средба со граѓанските иницијативи. Но, според нив, споредбата со Германија е манипулативна бидејќи тамошните квоти се значително пониски од оние што се предлагаат во Македонија.
„Во Германија потписите се движат меѓу 20 и 240, во зависност од големината на општината. Кај нас, предлогот е од 100 до 3.500 потписи – тоа е срамен и антиуставен обид да се попречи учеството на независните“, велат организациите „Шанса за Центар“, „Зелен хуман град“, „Независни за Карпош“, „Поинаку“ (Битола), „Зелените“ (Гази Баба), „Подобро за Тетово“ и „Стига е“ (Струмица, Ново Село и Босилово).
Граѓанските иницијативи потсетуваат дека Уставниот суд на 20 мај 2025 година ги поништи измените од март 2024 година, со кои се воведе праг од 1% од вкупно запишаните избирачи за независните кандидати. Сепак, и покрај таа одлука, власта и опозицијата повторно предлагаат слични – па дури и повисоки квоти преку нов предлог-закон, доставен во Собранието по скратена постапка.
Новите предлог-квоти се следните:
-
до 10.000 избирачи – најмалку 100 потписи
-
10.001 до 20.000 – 200 потписи
-
20.001 до 30.000 – 300 потписи
-
30.001 до 40.000 – 400 потписи
-
40.001 до 50.000 – 500 потписи
-
50.001 до 60.000 – 600 потписи
-
60.001 до 70.000 – 700 потписи
-
70.001 до 80.000 – 800 потписи
-
80.001 до 90.000 – 900 потписи
-
над 90.001 избирачи – 1.000 потписи
-
Град Скопје – 3.500 потписи
Да потсетиме, Национал пишуваше за барањата на независните да можат да поднесуваат листи на изборите со само 50 потписи.


