Задоцнувањето од само десет минути на летот АИ 171 на „Ер Индија“ од Ахмедабад до Лондон ѝ го спаси животот на Буми Чаухан, жена која требаше да биде меѓу патниците на кобниот лет што се сруши веднаш по полетувањето.
Поради густ сообраќај, Чаухан не успеала навреме да пристигне на аеродромот и да се качи во авионот. Неколку часа подоцна, таа со неверување ги следела вестите за трагедијата што ја избегнала за влакно.
„Не можам да ги најдам вистинските зборови. Целосно сум уништена од загубата на толку многу животи. Буквално се тресам. Му се заблагодарувам на Ганапати Бапа за ова чудо“, изјави таа за индиските медиуми.
Според информациите од полицијата во Ахмедабад, авионот со најмалку 242 патници се урнал неколку минути по полетувањето, во близина на аеродромот. Само едно лице е пронајдено жив во урнатините.
Светските медиуми, вклучувајќи ја и агенцијата Ројтерс, јавуваат дека во несреќата загинале над 290 лица. Причините за падот на авионот сè уште се истражуваат.
Овој трагичен настан уште еднаш ја потврдува непредвидливоста на судбината, додека приказната на Буми Чаухан сведочи за тоа колку е тенка линијата меѓу животот и смртта.