ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН Е НАШ ПРОЕКТ ВЕЛАТ ОД СДСМ – Не е ваш или наш туку проектите кои ги реализираме се на народот велат од ВМРО-ДПМНЕ

Го поздравуваме довршувањето на проектот, но до кога власта ќе се кити со проекти на СДСМ. Проекти кои СДС ги има до крај завршено се, проектот за златната виза на Филипче, пари од ископ на јаглен на фирми на Филипче и Заев, проектите за уништување на Македонија, како што беа името, знамето, идентитетот и Уставот, потпишувањето на Преспанскиот и договорот со Бугарија, проектот Француски предлог и многу други проекти слични на овие.

ПАТНИОТ ПРАВЕЦ ВО ОХРИДСКИОТ РЕГИОН  Е НАШ ПРОЕКТ ВЕЛАТ ОД СДСМ – Не е ваш или наш туку проектите кои ги реализираме се на народот велат од ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Принтскрин

Проектот за реконструкција на патниот правец во охридскиот регион е започнат од СДСМ уште во август 2023 година, како дел од сеопфатниот план на Владата предводеа од СДСМ за раст и развој на регионот, унапредување на туризмот и подобрување на патната инфраструктура кон граничните премини со соседните земји. Средствата за овој проект, во вредност од 11,7 милиони евра, беа обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта и истиот беше планиран, одобрен и започнат од претходната влада на СДСМ со реализација од околу 50%. До летната сезона во 2024 година комплетно се заврши реконструкцијата на патот од Св. Наум до пред селото Пештани и заради туристичката сезона имаше мал прекин на работите. Го поздравуваме довршувањето на проектот, но до кога власта ќе се кити со проекти на СДСМ -се вели во соопштението на СДСМ?

Проекти кои СДС ги има до крај завршено се, проектот за златната виза на Филипче, пари од ископ на јаглен на фирми на Филипче и Заев, проектите за уништување на Македонија, како што беа името, знамето, идентитетот и Уставот, потпишувањето на Преспанскиот и договорот со Бугарија, проектот Француски предлог и многу други проекти слични на овие. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ вистински работи на реализација на проектите, без разлика која Влада ги започнала и ги решава на брз и ефективен начин во интерес на граѓаните.

CATEGORIES
Share This