ПО ШЕСТ ДЕЦЕНИИ Тито и неговото дрво во Шри Ланка сè уште опстојуваат

Ова дрво е само дел од богатата историја на Кралските ботанички градини, каде што покрај Тито, свои дрвја засадиле и личности како Јуриј Гагарин, кралицата Елизабета Втора и Индира Ганди, со што местото добива посебна вредност и значење како жив музеј на светската дипломатска историја.

ПО ШЕСТ ДЕЦЕНИИ Тито и неговото дрво во Шри Ланка сè уште опстојуваат
Фото: Принтскрин

Во Кралските ботанички градини во Пераденија, Шри Ланка, се наоѓа „Дрвото на Тито“ кое по 66 години од неговото засадување останува жив спомен на пријателството меѓу Југославија и Шри Ланка. Овие градини, кои зафаќаат речиси 150 хектари и се дом на повеќе од 4.000 растителни видови, се значајно место каде што биле засадени дрвја од најистакнатите светски личности, меѓу кои и југословенскиот лидер Јосип Броз Тито.

Дрвото што Тито го засади за време на неговата дипломатска посета во 1959 година, како симболичен чин на пријателство, денес изгледа скромно. Иако се наоѓа во првиот ред покрај шеталиштето во „Кругот на сеќавањето“, неговиот исушен и тенок изглед тешко привлекува внимание. Сепак, дрвото и по повеќе од шест децении сè уште стои високо и опстојува, потсетувајќи на историските врски и дипломатските мостови меѓу двете земји.

Ова дрво е само дел од богатата историја на Кралските ботанички градини, каде што покрај Тито, свои дрвја засадиле и личности како Јуриј Гагарин, кралицата Елизабета Втора и Индира Ганди, со што местото добива посебна вредност и значење како жив музеј на светската дипломатска историја.

CATEGORIES
TAGS
Share This