МИЦКОСКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ Да гласаме за една изборна единица и право на глас за дијаспората

Со предлогот за една изборна единица, Мицкоски повторно го актуализира едно од клучните барања на дел од политичките партии и граѓанскиот сектор за порепрезентативен изборен модел.

МИЦКОСКИ ДО ПРАТЕНИЦИТЕ Да гласаме за една изборна единица и право на глас за дијаспората
Фото: Собрание

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати јавно повик до пратениците од опозицијата да ги поддржат измените на Изборниот законик со кои би се вовела една изборна единица, со можност за гласање и на македонската дијаспора.

„Ајде да изгласаме закон за една изборна единица, но да ги вклучиме и граѓаните од дијаспората“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека измените треба да овозможат и формирање избирачки места во странство, каде што тоа е дозволено со законите на тие држави, дури и надвор од дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП).

Премиерот посочи дека парламентарното мнозинство, вклучително и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е подготвено веднаш да ја поддржи иницијативата.

„Јас сум подготвен веднаш да го поддржам тој закон. Ги гледам пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ – ќе го поддржиме. Да не филозофираме зошто има толку или толку советници – ајде веднаш да го отвориме ова прашање и да го затвориме“, изјави Мицкоски.

Осврнувајќи се и на прашањето за измените на Законот за локална самоуправа, премиерот истакна дека тие се однесуваат исклучиво на усогласување со изборните процеси на локално ниво, а не со резидентскиот статус на граѓаните.

Со предлогот за една изборна единица, Мицкоски повторно го актуализира едно од клучните барања на дел од политичките партии и граѓанскиот сектор за порепрезентативен изборен модел.

CATEGORIES
TAGS
Share This