НАЈМАЛКУ 15 ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВО ЈЕМЕН Саудиска Арабија бомбардираше позиции на Хутите, пресретната ракета кон Ријад

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека погодила 50 воени цели на Хутите во Сана и провинциите Ходеида и Сада, вклучително и објекти за производство и составување оружје.

НАЈМАЛКУ 15 ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВО ЈЕМЕН Саудиска Арабија бомбардираше позиции на Хутите, пресретната ракета кон Ријад

Најмалку 15 лица се повредени во воздушните напади врз главниот град на Јемен, Сана, во кои биле оштетени куќи, продавници и бензинска пумпа. Хутите ја обвинија Саудиска Арабија дека стои зад нападите.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија соопшти дека погодила 50 воени цели на Хутите во Сана и провинциите Ходеида и Сада, вклучително и објекти за производство и составување оружје.

Во меѓувреме, саудиската противвоздушна одбрана пресретнала крстосувачка ракета насочена кон поширокото подрачје на Ријад.

Дополнително, вооружени лица презеле контрола врз товарен брод во Аденскиот Залив, во близина на брегот на Јемен. Засега не е познато кој стои зад нападот.

CATEGORIES
Share This