ТРАМП И РУТЕ СО ПОРАКА ДО ПУТИН Москва да не ја проширува војната во Украина
По средбата во Флорида, американскиот претседател и генералниот секретар на НАТО повикаа на мирно решение на украинскиот конфликт и разговараа за војната во Иран и зголемувањето на одбранбените трошоци.

Русија треба да избегнува потези што би можеле да доведат до проширување на војната во Украина, порачаа американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во заедничка изјава по нивната средба во Флорида.
Како што пренесува „Њујорк пост“, на средбата биле разгледани актуелните безбедносни предизвици, меѓу кои војната во Украина и конфликтот во Иран. Во заедничкото соопштение се истакнува и потребата од што побрзо постигнување мирно решение за војната во Украина, со цел да се спречи натамошна ескалација на конфликтот.
Покрај воените конфликти, американскиот претседател и генералниот секретар на НАТО разговарале и за зголемување на издвојувањата за одбраната и за инвестициите во одбранбената индустрија во САД и земјите-членки на Алијансата.
Средбата во Флорида доаѓа во период на засилени безбедносни предизвици, при што војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток остануваат меѓу главните теми на разговорите меѓу Вашингтон и НАТО.

