ПАД НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА НА НАЈНИСКО НИВО По сигналите за можен договор меѓу САД и Иран
Падот следува по информациите за разговори меѓу американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и катарскиот премиер за можни преговори со Техеран, како и одлуката на Доналд Трамп привремено да ги одложи понатамошните напади врз Иран.

Цената на суровата нафта падна на тримесечен минимум по сигналите за обновување на дипломатските напори за ставање крај на конфликтот меѓу САД и Иран.
Нафтата „брент“ се тргуваше за околу 88,3 долари за барел, додека американската WTI достигна цена од 79,6 до 79,7 долари. Од почетокот на месецот, „брент“ поевтини за 23,6 отсто, а WTI за 21,9 отсто.
Падот следува по информациите за разговори меѓу американскиот потпретседател Џ.Д. Венс и катарскиот премиер за можни преговори со Техеран, како и одлуката на Доналд Трамп привремено да ги одложи понатамошните напади врз Иран.
Сепак, преговорите остануваат неизвесни. Иран бара укинување на американската поморска блокада и санкциите пред целосно повторно отворање на Ормутскиот теснец, важен коридор за светската трговија со нафта.
Поради ограничувањата, протокот на нафта низ теснецот е намален на околу 9,5 милиони барели дневно во ноември, наспроти 12,2 милиони во октомври.

