СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС И ДОЖД НИЗ ЦЕЛАТА ЗЕМЈА На планините снег, температурите до 19 степени
Ладна воздушна маса носи промена на времето. Врнежите во западните делови ќе започнат во текот на ноќта, а потоа ќе ја зафатат целата земја.

Фото: Национал
Во текот на ноќта најпрвин во западните делови, а потоа и насекаде низ земјата, се очекуваат врнежи од дожд. Поради продорот на студена воздушна маса, на некои повисоки места дождот ќе преминува во снег, додека на планините ќе врне снег, информираат од УХМР.
Ќе дува засилен, повремено и силен ветер, кој на моменти ќе надминува 70 километри на час. Претпладне ветерот ќе биде од западен, а попладне од северен правец.
Минималната температура ќе се движи од 6, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец.
CATEGORIES Македонија

