АМСМ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ Овој патен правец е затворен до пролет
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, а на граничните премини нема подолги задржувања. Зимската опрема е задолжителна за сите возила до 15 март 2027 година.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по суви коловози, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември 2026 година започна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската важи до 15 март 2027 година.
Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата што минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде постои можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Во сила е сезонскиот режим на сообраќај, па од 17 ноември патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила.

