ХАОС ПРЕД АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ Таксисти се степале за редот за патници

Таксисти влегле во физичка пресметка по расправија околу редоследот за преземање патници.

ХАОС ПРЕД АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ Таксисти се степале за редот за патници
Фото: Принтскрин

Физичка пресметка меѓу таксисти се случила пред Меѓународниот аеродром во Скопје, откако избила расправија околу редоследот за преземање патници.

Според првичните информации, несогласувањето околу тоа кој е следен на ред да преземе патници предизвикало вербална расправија, која набрзо прераснала во физичка пресметка.

Инцидентот се случил на просторот пред аеродромот, каде што таксистите ги чекаат патниците кои пристигнуваат со авионите.

CATEGORIES
Share This