АМСМ СО ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОЗАЧИТЕ Нема задржувања на границите, но внимавајте на овие делници

АМСМ предупредува на можни одрони на неколку патни делници, додека патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сите видови возила.

АМСМ СО ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОЗАЧИТЕ Нема задржувања на границите, но внимавајте на овие делници
Фото: Принтскрин

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања ниту при влез ниту при излез од државата.

Од 15 ноември 2026 година стапи во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година. Повеќе информации за задолжителната зимска опрема може да прочитате ТУКА.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во сила е и сезонскиот режим на сообраќај, според кој од 17 ноември патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови возила.

CATEGORIES
Share This