КАНДИДАТКАТА ЗА ШЕФИЦА НА ОН НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ Организацијата мора да се врати на мирот и просперитетот

Лана Нусајбе од Обединетите Арапски Емирати вети дека, доколку биде избрана за генерален секретар на Обединетите нации, ќе води неуморна дипломатија, ќе посредува во конфликти и ќе презема политички ризици заради мирот.

КАНДИДАТКАТА ЗА ШЕФИЦА НА ОН НАЈАВИ ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ Организацијата мора да се врати на мирот и просперитетот
Фото: Принтскрин

Обединетите нации мора да се вратат на својата основна мисија – мир, развој и просперитет, порача Лана Нусајбе, истакната дипломатка од Обединетите Арапски Емирати, која се кандидира за функцијата генерален секретар на ОН.

Во интервју за „Еуроњуз“, Нусајбе истакна дека организацијата мора повторно да ја преземе суштинската улога на поврзување на владите и народите, со цел да придонесе за мир и развој во светот и да го врати својот меѓународен кредибилитет.

Таа вети дека, доколку биде избрана на највисоката функција во ОН, ќе спроведува неуморна дипломатија и ќе дејствува како главен посредник на организацијата во меѓународните конфликти. Нусајбе нагласи дека е подготвена да презема и политички ризици доколку тоа е неопходно за постигнување мир.

Таа повеќе од една деценија беше амбасадорка на Обединетите Арапски Емирати во Обединетите нации, искуство кое, според неа, ѝ дава длабоко познавање на работата и предизвиците со кои се соочува организацијата.

CATEGORIES
Share This