СИЛЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 70 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС, ДОАЃА И ДОЖД – УХМР најави промена на времето
Променливо облачно време со повремен локален дожд, особено во западните делови од земјава. Т

Фото: Национал
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време, со повремен локален дожд, кој ќе биде поизразен во западните делови од земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, а во западните делови повремено ќе има и силни налети со брзина над 70 километри на час.
Минималната температура ќе се движи од 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, кој во одделни делови од котлината повремено ќе засилува.
CATEGORIES Македонија

