БАЈДЕН УДРИ ПО ЗЕЛЕНСКИ ВО СВОИТЕ МЕМОАРИ Тешко е да се работи со него, темпераментен е и тврдоглав

Поранешниот американски претседател открива детали од приватните разговори со украинскиот лидер и изразува разочарување од неговиот однос кон американската воена и дипломатска помош.

БАЈДЕН УДРИ ПО ЗЕЛЕНСКИ ВО СВОИТЕ МЕМОАРИ Тешко е да се работи со него, темпераментен е и тврдоглав
Фото: Принтскрин

Поранешниот американски претседател Џо Бајден упати остри критики кон украинскиот претседател Володимир Зеленски во своите нови мемоари, опишувајќи го како тежок соговорник, темпераментен и тврдоглав во приватните разговори. Бајден наведува дека Зеленски не покажувал доволно благодарност за американската дипломатска и воена поддршка, барем не во мерата што поранешниот американски претседател ја очекувал.

Мемоарите под наслов „Вети ми Америка“ беа објавени во вторникот, непосредно пред 84-тиот роденден на Бајден, објави британски „Гардијан“.

Во книгата, поранешниот американски претседател прави осврт на односите со украинското раководство и не ги крие несогласувањата со Зеленски. Тој го опишува украинскиот лидер како човек со кој не било лесно да се соработува, посочувајќи дека во приватните разговори знаел да биде темпераментен и тврдоглав.

Особено го истакнува своето разочарување од недостигот на благодарност за поддршката што Вашингтон му ја обезбедувал на Киев во текот на војната.

Значаен дел од книгата е посветен на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, подготовките на американската администрација за рускиот напад и соработката меѓу Вашингтон и Киев во текот на претседателскиот мандат на Бајден, кој заврши во јануари 2025 година.

Преку своите сеќавања, поранешниот американски претседател ги опишува дипломатските и воените предизвици со кои се соочувала неговата администрација, но и сложените односи со украинското раководство во еден од најзначајните геополитички конфликти во последните децении.

CATEGORIES
Share This