ТРАМП САКА ДА ГО ВРАТИ ЏЕНСЕН ХУАНГ, НВИДИА ВЕЛИ НЕ Скандалот ја потресе технолошката империја

По 33 години на чело на технолошкиот гигант, Џенсен Хуанг се повлече по скандалот со наводни љубовни врски и сомневања за кинеска шпионажа.

ТРАМП САКА ДА ГО ВРАТИ ЏЕНСЕН ХУАНГ, НВИДИА ВЕЛИ НЕ Скандалот ја потресе технолошката империја
Фото: Принтскрин

„Нвидиа“ нема намера да го врати Џенсен Хуанг на функцијата извршен директор, порача претседателот на Управниот одбор, Харви Џоунс, во првата јавна изјава по неговото заминување. Според Џоунс, Хуанг поднел оставка по појавата на обвинувања за однесување што не било во согласност со кодексот на однесување, стандардите и културните норми на компанијата.

„Управниот одбор едногласно ја прифати неговата оставка и нема намера да го врати Џенсен на функцијата извршен директор“, изјави Џоунс.

Хуанг ја раководеше „Нвидиа“ речиси три децении, а на функцијата помина вкупно 33 години. Неговото повлекување предизвика големо внимание во технолошкиот и деловниот свет.

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека наводната афера на Хуанг со жена осомничена за шпионажа во корист на Кина не ја загрозила националната безбедност на САД.

„Не беше загрозена“, одговори Трамп на новинарско прашање, додавајќи дека САД се посилни од кога било и дека Вашингтон и Пекинг меѓусебно си играат политички игри.

Тој изрази сомнеж и во тврдењата дека Алис Хуанг, поранешна директорка на компанијата „Мегаспид“, била кинеска шпионка. Според Трамп, Хуанг можеби направил лична грешка, но досега никој не докажал дека жената шпионирала.

Случајот доби и безбедносна димензија по информациите дека американските разузнавачки служби се обидуваат да утврдат каква е поврзаноста на Алис Хуанг со кинеското Министерство за државна безбедност и дали евентуално му пренела чувствителни информации на Пекинг.

Според претходни медиумски извештаи, американскиот државен секретар Марко Рубио минатата година наводно го надгледувал изготвувањето доверлив документ во кој се предупредувало за можни врски на Алис Хуанг со кинеските разузнавачки структури. Се тврдеше и дека Трамп бил информиран за разузнавачките сознанија најмалку двапати, но американскиот претседател негираше дека бил запознаен со таквите наводи.

Дополнителна тежина на случајот му дава фактот што САД го ограничуваат извозот на најнапредните чипови на „Нвидиа“ во Кина, со цел да ја зачуваат американската технолошка предност. Пред скандалот да излезе во јавноста, американските и сингапурските власти ја истражувале компанијата „Мегаспид“ поради сомневања за незаконско пренесување чипови на „Нвидиа“ во Кина.

И покрај одлуката на Управниот одбор, дел од најпознатите имиња во технолошката индустрија застанаа зад Хуанг. Меѓу нив се Илон Маск, претседателот и извршен директор на „Y Combinator“, Гари Тан, како и директорот на „Epic Games“, Тим Свини. Тие потпишале отворено писмо со кое се бара Хуанг да се врати на чело на компанијата.

Трамп исто така остави простор за таква можност.

„Многу луѓе го бараат Џенсен и сметаат дека треба да се врати. Тоа, секако, не е лоша идеја“, изјави тој.

Американскиот претседател потсети и дека претходно го препорачал Тим Кук за функцијата извршен директор на „Епл“.

И покрај драматичните случувања околу заминувањето на Хуанг, инвеститорите не покажаа сериозна загриженост. Акциите на „Нвидиа“ продолжија да растат во вонберзанското тргување во САД, при што растот надмина три проценти, откако компанијата објави силни квартални резултати.

Останува отворено прашањето дали одлуката на Управниот одбор ќе биде конечна или притисокот од влијателните имиња во технолошката индустрија и поддршката од Трамп ќе ја променат позицијата на раководството.

ХУАНГ СЕ ПРЕДОМИСЛИ Подготвен сум да се вратам на чело на Енвидија, ако Управниот одбор ми дозволи

CATEGORIES
Share This