ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ПАТОТ КАЛИШТА – РАДОЖДА Возилата ќе се пропуштаат наизменично
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но коловозите на одделни делници се влажни, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Од 17 ноември 2026 година е воведен изменет режим на сообраќај на регионалниот пат Р1208, на делницата Калишта – Радожда, кај местото Елен Камен. Според известувањето на ДППУ „Стентон Градба“ од Битола, сообраќајот се одвива наизменично, по една сообраќајна лента, со пропуштање на возилата во двата правца низ една заедничка слободна лента.
Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември 2026 година стапи на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, која ќе важи до 15 март 2027 година, без оглед на моменталните временски услови.
АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

