ВНИМАНИЕ: Ветер со удари над 80 км/ч, обилни врнежи во западните делови
Променливо облачно време со повремени дождови, температурите ќе се движат од 6 до 21 степен.

Фото: Национал
Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд ќе ја одбележи денешната временска состојба во Македонија. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде локално ќе наврнат над 15 литри дожд на квадратен метар.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, кој во западните делови повремено ќе биде силен, со брзина над 80 километри на час.
Температурите ќе се движат од 6 до 21 степен.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Кон крајот на денот постојат услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во одделни делови од котлината повремено ќе биде засилен.
CATEGORIES Македонија

