ДЕФЕКТ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО СКОПЈЕ Три улици денеска без вода
Дефект на затворач на улицата Партение Зографски 89 е причината за прекинот. Водоснабдувањето ќе биде нормализирано по завршувањето на санацијата.

Фото: Принтскрин
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје известува дека денеска ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците на три улици во главниот град.
Причината е дефект на затворач со профил Ф-80 милиметри на улицата Партение Зографски, број 89.
Без вода ќе останат корисниците на:
- дел од улицата Партение Зографски;
- дел од улицата Периша Савелиќ;
- дел од улицата Ацо Караманов.
Прекинот во водоснабдувањето ќе започне во 08:30 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
CATEGORIES Македонија

